Тројца повредени на протестите во Бутел вечерва


Група од неколку стотини Македонци се уште се блокирани од полицијата која не им дозволува да се приближат на местото каде се сместени активистите на ДУИ, односно местото каде треба да се гради крстот.protest butel

Оскврнавени се темелите каде што требаше да биде поставен крстот затоа тие поставија и дрвен крст каде што протестираат. Албанци кои се стационирани на кружниот тек, неколку стотини подалеку од групата Македонци, не дозволуваат новинарите да ги снимаат. Од другата страна полицијата не дозволува да се снима поради како што велат безбедност на новинарите.

Во општината Бутел во моментов е мирно, но теренот е се уште блокиран и на местото е присутен полициски кордон.

Од МВР, пак, соопштија дека околу 20.15 минути, кога демонстрантите од Бутел се обиделе да го пробијат кордонот, поради фрлање тврди предмети, се повредени тројца полицајци од кои двајца се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Според информации од теренот по краткотрајното мирно протестирање во скопската населба Бутел, двете групи, Албанците и Македонците, кои се разделени со кордон од полицајци, почнале едни на други да фрлаат со камења и други тврди предмети. Три лица се повредени.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1