Пукотници во скопско Арачиново. По полицискиот увид, според официјалните информации, станува збор за пукање од огнено оружје при кое биле повредени три лица, од кои една е жена.
Од Ургентниот центар велат дека врз низ се вршат интервенции, но не прецизираат за колку повредени станува збор.
Полициски екипи попладнево го блокираа влезот во скопското село со цел да извршат увид и прибирање на докази од престрелката, во која според непотврдени информации повредени се мајка и нејзините два сина, јавува Утрински весник.
Случајот првично го пријавил анонимен граѓанин како убиство, меѓутоа полицијата на лице место наишла на тројцата повредни кои веднаш се пренесени на лекување.
Граѓанинот навел дека имало расправија и пукотници пред маркетот на улица „1“ во Арачиново, а дека се случило и убиство.
Според непотвдени информации во жената и нејзините два сина било пукано од возило во движење. Мајката е со повреди во десната бутна коска, едниот син во главата, а другиот во градниот кош.