Тројца студенти од Нигерија на ИНФЕКТИВНА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ СИМПТОМИ ОД ЕБОЛА!


Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на заразната болест ебола ставиле во карантин две лица од Нигерија кои како што дознава „Охрид1“ се студенти на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле “ во Охрид.ebola345

Со нив од Нигерија допатувал уште еден колега – студент кај кого при прегледот не била констатирана температура или некој друг симптом и бил пуштен во Охрид.

Но како што дознава „Охрид 1“ и тој  денеска  поради контактите со нив итно е хоспитализиран и во мигов се префрлува во Инфективната клиника во Скопје, кaде веќе се на испитување и неговите претходно задржани колеги кај кои испитувањата ќе треба да покажат за што всушност се  работи.

(ИЗВОР:Охрид1)

Министерство за здравство: Без паника, двајцата студенти од Нигерија се здрави, третиот се испитува

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1