Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд од Велес донесе одлука со која се одобрува обвинителниот акт поднесен против тројца лекари, еден анестезиолог и двајца гинеколози од Гевгелија кои официјално од денес се обвинети за за несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во општата болница во Гевгелија, зафат што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено.
По спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство во Велес до Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В.лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, како и против В.Ч. и Д.М., лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во истата здравствена установа. Обвинителниот акт кој беше поднесен против четвртообвинетиот е повлечен бидејќи тој во меѓувреме почина.