Пред десетина дена, токму оваа трошна кука им зема најмалото, едно од трите деца.
Од трошност греди се струполија врз кревкото тело на двегодишниот Андреј и го завија во црно едно од најсиромашните семејства во Кочани. Не можејќи да се носат со две огромни болки, сопружниците Стојче и Анита проговорија пред микрофон на Канал 5
-Кој што има и може, би ни било повеќе од помош. Моментално потребна ни е покуќнина, кревет за децата и за нас, топла облека за децата, храна, огрев, изјави мајката, Анита Трендафилова.
Две години живеат во мрак со исклучена струја, пари за храна има само доколку таткото најде привремена работа.
Родителите на двете малолетни деца се со ментална попреченост, не се работоспособни, поради што, на ваков начин барајќи милост од граѓаните, го гледаат излезот од сиромаштијата.
-Верувам во добата душа и срце на моите сограгани. Верувам дека нема да не остават, дека со оваа наша порака и молба до нив, на ваков начин, ке ја презимиме оваа зима. Ова ни е многу важно поради децата, бидејки болката за загубата на најмалиот син, секој ден ни ја гори душата, изјави таткото Стојче Трендафилов.
Видео Канал5
На семејството Трендафилови од Оризари, Кочани им е потребна помош, се вели во апелот на Фејсбук.
Таткото кој е лице со лесна попреченост е единствениот кој заработува. Мајката е со нарушено здравје и невработена, синот е осумгодишен, а ќерката петгодишна, и живеат во полусрушена трошна куќа која во секој момент може целосно да падне и да ги загрози нивните животи.
Затоа во апелот за помош покрај парични средства тие бараат се што може да им се најде за во домот, или продукти за прехранување.
Средствата донирајте ги на сметка:
210700000629181, Тутунска банка, Кочани
Семејство Трендафилови од село Оризари,
Мајка Анита, татко Стојчо
Тел: 075-952-744