Традиционалниот маратон “Еверест”, кој се одржа на крајот на мај и кој воедно важи и за најтешката стаза во светот, годинава доби – нов победник и тоа 44 годишната бремена жена.
Анг Дами Шерпа е припадничка на народот Шерпас која учествуваше на маратонот во третиот месец од бременоста. Таа ја заврши трката за 6 часа, 2 минути и 10 секунди со што дојде до својата втора победа по последниот триумф пред седум години.
Стартот на маратонот е базниот камп на Монт Еверест, на надморска височина од 5364 метри, а стазата долга 42,2 километри завршува на Базарот Намче, на висина од 3446 метри.
Иако сопругот и синот пробувале да ja предомислат, таа сепак не попуштила, особено откако докторот ја поддржил во подвигот. После победата на маратонот, Анг Дами изјави дека наредна цел после породувањето и е да проба да го качи врвот Монт Еверест.
”Секој има право да си ги оствари соништата, а мојот сон е еден ден да стапнам на врвот Монт Еверест!” – изјави Шерпа.