Цел врв на Чешка со се премиерот во затвор поради љубоморна швалерка која ги „отчука“


Поради сомнеж за корупција и злоупотреба на службена позиција, полицијата уапсила неколкумина од најблиските соработници на чешкиот премиер. Меѓу нив е и секретарката на кабинетот на премиерот, неговата блиска пријателка Јана Наѓова. Јана се сомничи и дека е негова љубовница, и дека тајно ја шпионирала сопругата на својот шеф.

ceska skandalДесната рака на премиерот – секретарката на кабинетот, директорот на кабинетот, поранешен министер за земјоделство, припадници на воените известувачки служби, застапници на долниот дом – сите се осомничени за корупција и злоупотреба на позицијата. Чешките обвинители покренаа обвиненија против седум лица.

Чешката полиција веќе ги претресе владините канцеларии, министерствата, компаниите и куќите на угледните чешки политичари и претприемачи.

“Во текот на претресот во просториите на осомничените запленети се помеѓу 120 и 150 милиони круни во готовина, и неколку десетина килограми злато” – рекол Роберт Слахта, управител на одделот за борба против криминал.

Опозицијата од премиерот бара оставка, но шефот на владата јави дека тоа не му паѓа на памет. Порачува дека неговото, и однесувањето на неговите соработници е чисто како солза.

“Што се однесува на Јана Наѓова, можам само да кажам дека не ја изгубив довербата во неа и немам причина да верувам дека направила нешто противзаконско” – рекол чешкиот премиер Петр Нечас.

petr-necas-ljubovvnica-01“Беззаконската дозвола Јана Наѓова ја побарала од поранешниот шеф на воените известувачки служби да шпионираат три лица, а воената служба и’ излегла во пресрет” – рекол државниот адвокат Иво Ивстан.

Се чини дека во позадина на се’ стои љубовен триаголник, бидејќи една од трите лица била и сопругата на премиерот Ратко Нечас. Се’ започнало како приказна дека токму десната рака и најблиска соработничка е виновникот за разводот од сопругата Ратка. За Јана Наѓова медиумите и претходно пишувале во контекст на огромните финансиски бонуси кои ги добивала од државата.

Во борбата против организираниот криминал чешката полиција почнала од врвот. Во два дена се уапсени осум политичари на висока позиција. Опозицијата не се откажува од барањето Нечас да поднесе оставка, а тој ни самиот не е свесен дека Чешка ќе оди на предвремени избори

Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1