Македонските камиони ќе плаќаат 100 евра такса за влез на Косово


Камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина ќе плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, одлучи косовската влада наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.

kamioniНовата такса од 100 евра е воведена и за камиони од Србија и од Црна Гора кои превезуваат стока на Косово.

Советникот на косовскиот министер за инфраструктура Љах Нитај рече дека косовските компании при влез во Србија плаќале такса од 100 евра по камион, и дека од вчера истата мерка е воведена за камиони од Србија, Македонија и Косово.

„Станува збор за реципроцитетна мерка за да се заштитат компаниите од Косово кои извезуваат. Оваа такса ќе се применува и за останатите држави од регионот, со исклучок на Албанија, бидејќи таа држава никогаш не применувала било каква такса за камиони од Косово“, рече Нитај.

Тој прецизираше дека таксата ќе се наплатува при секој влез на камион на Косово.

Makfax

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1