Целата година ќе ви биде баксузна ако го направите ова за Нова година


Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година, а одредени се многу лоши за неа.nova godina

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија.

ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ?

-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот

-Никако не се позајмуваат пари на 31 декември ни 1. јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми

-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1. јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

-Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

-Работа не се склопува на 1 јануари – тоа значи нема да е успешна

-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1. јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1