Цели 25 години не знаеле кој е: Серискиот убиец е осуден на смртна казна


Лони Дејвид Френклин (63), сериски убиец од Лос Анџелес, познат и под прекарот „Одвратниот спијач“ (The Grim Sleeper), во средата е осуден на смртна казна.

Фрeнклин помеѓу 1985 и 2007 година докажано крволочно убил десет девојки, а полицијата верува дека убил најмалку двојно повеќе.Lonnie David Franklin Jr. stands in court during his arraignment in Los Angeles, California

Манијакот ги избирал жртвите главно меѓу зависничките и проститутките, најмладата негова жртва имала само 15 години, додека најстарата имала 36.

Фрeнклин започнал со грозоморните убиства во текот на осумдесеттите години, во времето кога во американските градови, па така и во Лос Анџелес, дошло до вистинска епидемија на користење крек.

Во тој период полицијата не успеала да го поврзе со злосторствата, делумно и затоа што уште најмалку тројца сериски убијци биле активни во јужните делови на Лос Анџелес.01-ubiec-los-angeles-53

Сепак, кога неговиот син Кристофер пред неколку години „паднал“ поради поседување на оружје и дрога, полицијата ја увидела сличноста помеѓу неговата ДНК и оние пронајдени на неколку жртви, па на крајот, сепак, дошла до виновникот.

Френклин е уапсен во 2010 година, но за започнување на судскиот процес се чекало сè до февруари оваа година. Тој се изјаснил за невин по сите точки на обвинението, иако во судницата седела Ениетра Вашингтон, единствената која го преживеала неговиот напад.

„Намуртениот спијач“ се обидел и Ениетра да ја убие во 1988 година, меѓутоа ја исфрлил од автомобилот погрешно, верувајќи дека веќе е мртва. Детективите ја пронашле нејзината фотографија скриена зад ѕидот во гаражата на Френклин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1