Цело Богданци можело да се дигне во воздух – семејствата на загинатите се во шок


„Доколку експлодирала најголемата боца, која тежи околу 20 тона, тогаш ќе се случеше бомба која ќе го уништеше целиот град“, објаснува Љупчо.

Во трагедијата што утринава се случи во фабриката за полнење на плински боци,„Балкан – Гас“ во Богданци, животот го изгубија тројца жители на Ѓавото, Васе Дуев (42), Златко Дуев (60) и Благој Делков (40), пренесува Нова ТВ

Фото Курир

Фото Курир

Васе не беше оженет. Само што си ја среди куќата, па потоа планираше и да се ожени, вели  другар на починатиот Васе Дуев.

И Васе го снајде истата судбина како неговиот татко, и тој почина на негова возраст. Сега мајка му остана сама“, вели тетката на загинатиот

Љупчо додава дека во целата оваа несреќа, сепак не се случило она најлошото од кое можело да настрада целиот град Богданци.

„Доколку експлодирала најголемата боца, која тежи околу 20 тона, тогаш ќе се случеше бомба која ќе го уништеше целиот град“, објаснува Љупчо.

Еден од починатите, Златко Дуев, е брат на сопственикот на фабриката.

Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 8.50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемирила населението во Богданци.

Очевидци на местото на настанот виделе како по самата експлозија еден од жртвите се фрлил во реката запален, а по се изгледа станува збор за повредениот кој е пренесен на клиниките во Скопје. Сите жртви се од селото Ѓавато.

Петнаесет минути после експлозијата на лице место дошла противпожарна екипа од Гевгелија, која што го локализирала пожарот, а увидот кој се врши моментално со закаснување е поради можноста од повторна експлозија.

НОВА ТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1