Селото Топчиќ Поле, во близина за Жепче во БиХ, е прекриено со кал и’ е непрепознатливо!
Кал, вода, урнати куќи прекриени со кал е сликата на самиот влез на Топчиќ Поле, јавува Радио Сараево.
Населбата е уништена. Станбените објекти, фармите и посевите се под кал.
“Тука ништо не може да се среди со лопати, машините се единствено решение”, изјавил еден жител. Додал и дека кога водата се повлекла, тој заедно со останатите жители започнал со чистење, но во тој момент одненадеж налетал на друг бран, па морал да “скокне на соседната тераса”.