Густата џунгла измеѓу Кина и Мјанмар крие мало градче во кое секој може да ужива во било кој порок – дрога, коцкање, секс… Монг Ла е познат по беззаконието кое во него владее, а од околните села се разликува по многуте казина, хотели, бордели кои јавно ги рекламираат своите услуги.
Монг Ла град во кој илегално се доаѓа со мотор преку планините познат е по целосното безаконие. Градот се разликува од традиционалните села поради големиот број на казина, хотели, бордели кој јавно ги рекламираат своите услуги.
Вo еден момент, дилерите на дрога го преплавија овој град заедно со туристите по изградбата во 1989 година. Лидер на градот е Саи Леун, кој до 2000 година се наоѓал на американската листа на најбарани дилери на хероин.
Иако властите тврдат дека производството на дрога во овој град е искоренета,во него и понатаму лесно се доаѓа до наркотици, особено од кристален мета, но и оружје и украдени возила. Хотелските соби се полни со реклами за „новодојдени девици“, мајка-ќерка комбинација и „безобразни малолетнички со големи гради“, додека телевизијата прикажува јапонска порнографија.