Познатата акциона ѕвезда Арнолд Шварценегер, во моментов се наоѓа во фаза на признавање на се и сешто.
Неговото најново признание се однесува на изјавата која ја негираше пред три децении.
Актерот и поранеше гувернер на Калифорнија, во автобиографијата „Total Recall“, напишал дкеа постојат само неколкумина кои се родени за да бидат лидери, додека остатокот од човештвото е родено да бидат нивни следбеници, а потоа следувала расправијата за големите освојувачи и диктатори.
„Се воодушевував на говорничката способност на Хитлер, но не и на она што го правел“, изјавил Арнолд.
Меѓутоа, популарниот актер признал дека сакал само да го привлече вниманието кон себе.
„Да се изјави нешто толку контроверзно тогаш беше лесно, мислев дека на тој начин ги забавувам луѓето“ додал Шварценегер.
Но, за времето на гувернерската кампања, Шварценегер, чиј татко бил член на Нацистичката партија во Втората светска војна, негирал дека зборувал пофални зборови за Хитлер.