Цеца: Го спасував син ми да не го убијат!


Откако синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко беше нападнат пред семејната ќука од 30-тина момчиња, се огласи и неговата мајка истакнувајќи дека живее во постојан страв за своите деца.

ceca-i-veljko-260x181– Тие момчиња дивееја, сакајќи проблеми. Го провоцираат и напаѓаат затоа што навива за Партизан. Беше морничаво. Скандираа: „Цецо, си родила мајмун кој навива за Партизан“. Беа пијани. Упаднаа на нашиот паркинг и скокнаа врз Вељко – вели пејачката за „Информер“.

Цеца вели дека многу е исплашена за безбедноста на своите деца.

– Многу се исплашив како и секоја мајка за своето дете. Слушнав врева пред куќата и истрчав веднаш надвор меѓу нив за да го спасам своето дете – рекла Цеца за српски „Ало!“.

Имено, полицијата се сомнева дека во тепачката учествувале припадниците на „ултра кланот“, следбеници на Црвена Звезда од Европа, и се верува дека тие веднаш по нападот ја напуштиле Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1