Светлана Цеца Ражњатовиќ одлучила своето здравје, кое го нарушила со повеќегодишен стрес, чести настапи и несоница, да го подобри со алтернативна медицина.
Имено, како што пишува Ало!, пејачката неодамна ја посетила баба Лена, позната биоенергетичарка од Русија која еднаш годишно доаѓа во Србија, а која со своите моќи лечи бројни светски џет сетери.
Цеца веќе после првата средба почувствувала подобрување.
Според зборовите на неименуван извор за Ало, Цеца преку пријатели слушнала за оваа чудесна жена која без допир го поставува организмот и неговите функции во рамнотежа, а со своите моќи овозможува проток на енергија низ целото тело на пациентот
Најпознатата руска баба на Цеца и дала неколку савети и и направила два третмани.
– Штом слушна дека доаѓа во Србија, Цеца закажа третман и пред Лена да допатува. Таа на Цеца и ги покажа точките на нејзиниот организам кои се слаби и ја посоветувала повеќе да внимава, особено затоа што работата и е стресна. Се што и се случуваше во животот остави последици на општата состојба на нејзиниот организам, посебно затоа што често настапуваше настината и со температура. Цеца беше на третман два пати по два часа, а Лена само со движење на раката го подобрила протокот на каналите во телото на Цеца кои со емотивни блокади биле запушени. Лена е редок гостин во нашата престолнина, затоа што има многу работа ширум светот, каде ги лечи најпознатите политичари, музичари и спортисти, раскажал за Ало! извор близок до пејачката.
Цеца пак на оваа приказна не го криела воодушевувањето поради средбата со познатата биоенергетичарка.
– Таа е една прекрасна жена која плени со својата појава и многу ми годеше разговорот и третманот кај неа. Покрај тоа таа е многу отмена и мудра, поседува некоја топлина со која лечи. Чудесна е, изјавила пејачката за Ало!