Гостувајќи во една српска емисија, српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ проговори за својот љубовен живот и во таа прилика откри дека ниту еден маж во нејзиниот живот не оставил печат на неа, освен сопругот Аркан.
– Пораснав покрај својот маж и тој ме формираше како личност. Останатите не оставија никаков печат. Сите сакаа да ме менуваат, но јас сум веќе формирана личност. Секогаш бев за компромиси и некој вид попуштање, се зависи од тоа колку си вљубен – рече Цеца.
Пејачката рекла дека нејзиниот син Вељко, кој со свои 17 години ги освојува срцата на тинејџерките, не е мамин син и дека не го воспитува да биде едиповец.
– Тој не може да не им се допаѓа на девојчињата бидејќи го воспитував да биде џентлмен, да биде нежен со девојчињата бидејќи и тој растеше покрај жени. Не сакав да биде едиповец, туку да биде момче со манири. Го воспитував да биде вистински маж каков што беше неговиот татко – рекла Цеца, која открила дека нејзиниот син нема девојка.