Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто своето слободно време го поминува со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, пишува српскиот Курир. Според овој весник, вдовицата на Аркан често со авион патува во Подгорица, токму кај Мило. А посетите не се поклопуваат со нејзините настапи во овој град
– Тие се многу дискретни во овие состаноци и никогаш не се појавуваат заедно на јавни места. Тој ужива во нејзино друштво и нејзините песни – вели изворот.
Во истиот период во Белград доаѓа и Мило, исто така со приватен авион, но неговите посет не се официјално евидентирани.