Поскапеа дел од цигарите. Од четвртокот се продаваат по повисока цена за 5 денари. Трговците велат – новите цени ги добиле ненајавено. Очекуваат во наредните денови и останатите производители на цигари да им достават зголеменени цени на своите брендови .
За 5 денари поскапо се продаваат Vest silver ,West red I West white, Walter Wolf I Ronhill Black I gold, изјави трговец
Поради зголемената акциза, поскапувањето се очекуваше да стартува за неколку месеци, пред почетокот на летото и тоа за 4 денари.
Поскапувањеро на цигарите з апочна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче. Од 1 јуни 2016 та па во наредните 7 години, поточно до 2023 та година ацизата се зголемува за 0,20 денари за парче
Од оваа недела , односно од вторник се очекува и нова, зголемена цена на горивата. Ако се следи трендот на светските берзи, цената на нафтата изминатиот период, поради несигурноста и случувањата во Сирија бележи нагорен тренд. Порастот на цената на суровата нафта на светските берзи од 23 март до 11 април се зголеми за над 11%. Пред две недели Регулаторната Комисија за енергетика не ја промени цената на безнините, освен кај дизелот, каде имаше намалување за денар и половина. Сега, случувањата од светските берзи се очекуава да се рефлектираат и кај нас веќе од вторник.
Sitel.mk