Циклон и се заканува на Индија, стотици илјади евакуирани


Индија прогласи највисок степен на вонредна состојба бидејќи денеска и се заканува моќен  циклон  на источниот брег на земјата. Порадио опасноста евакуирани стотици илјади луѓе, јавија официјалните  лица.
g_g_ciklon-rastiЦиклонот „Фаилин ” се приближува со брзина од  240 километри на час и има потенцијал да биде најсилната бура во оваа област во  последните 14 години, која ќе го подигне нивото на морето од и до  три метри, соопшти АФП.
Силни ветрови и пороен  дожд веќе ги погодиле  индиските  држави Ориса и Андра Прадеш каде што дрвјата под налетите на ветрот паѓале како пердуви.
Помош пристига од сите страни, војската и волонтери од Црвениот крст се мобилизирани и подготвени за вонредна состојба.
Циклонот ќе ја погоди сиромашната  крајбрежна област, полна  со колиби, која  беше тешко оштетена  во 1999 година со бура во кој загинаа повеќе од 8.000 лица  и 445.000 грла добиток.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1