Метеоролошкиот сајт “SerbianMeteo“, соопшти дека циклонот кој на 13 мај ја зафати Србија го доби името “Тамара“. Циклонот ќе биде запаметен како најдождлив, откако се вршат метеоролошки мерења во земјата.
“Од оваа година форумот SerbianMeteo почна да дава имиња на циклоните, па овој по договор е наречен “Тамара“ – се наведува на овој сајт.
“Статистички гледано веројатноста ваков циклон да ја погоди Србија е многу мала. Се случува понекогаш некои мали области да ги зафати дожд како овој, но да зафати толкава површина, едноставно не е забалежано во историјата на метеоролошките мерења кај нас“, пишува SerbianMeteo.