Тешка сообраќајка: Повреден шефот на македонското разузнавање


Тешка сообраќајна несреќа вечерва преживеал Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чуле, јавува Либертас повикувајќи се на неофицијални извори во Агенцијата.
razuznavanje culeСпоред порталот, во службениот автомобил на Чулев кој се враќал од службен пат од Бугарија  удрило БМВ со бугарски регистерски таблички. За среќа Чулев поминал со помали повреди на градниот кош, а неговиот возач има скршена нога. Во автомобилот бил и раководителот на одделот за аналитика кој имал помали повреди на главата.
Од МВР за Либертас не ја потврдиле информацијата, бидејќи како што им одговорила полицијата,  секторот за односи со јавноста на полицијата не добива информации за сообраќајки во кои нема човечки жртви.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1