Циклонот „Талија“ доаѓа: Попладне дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, кој во западните подрачја ќе биде поизразен.

dozd2Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Од сабота попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат во вид на порој проследени со грмежи.

Врнежливо и нестабилно време ќе продолжи и во недела кога врнежите ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1