Циклонот „Талија“ го растура балканот а денеска ја зема и првата жртва. Во Словенија едно лице загинало во несреќа предизвикана од поројните дождови, а друго лице се смета за исчезнато. Од поплавите е зафатен поголем дел од источниот и централниот дел на Словенија.
И Скопје не одолеа на циклонот Талија. Бурата која во попладневните часови го зафати главниот град, поплави повеќе улици и предизвика застој во сообраќајот. Критично беше на булеварот под Стоковната куќа „ Мост“, каде полицијата од безбедносни причини го забрани движењето во правецот од Центар кон Бит пазар.