Ципрас на тест пред грчкиот парламент, попладнево ќе се гласа доверба на Владата


Нова демократија поднесе предлог за гласање недоверба на грчката влада. Претседателот на партијата Кирјакос Мицотакис кажа дека тоа било негова обврска кон грчкиот народ, по штетниот договор што Ципрас го постигнал со Заев.

„Имам обврска кон грчкиот народ, да се обидам да спречам под хипотека да се стави иднината на нашата татковина со договор што им штети на националните интереси. Владата не поседува ни народно овластување ни политички легитимитет да продолжи со нејзиниот неодговорно однесување“ рече Мицотакис, кој додаде дека со „гласањето треба да се види дали Ципрас има 154 пратеници што се подготвени да кажат „да„ за потпишувањето в недела во Преспа“.

За да не ја блокира денешната расправа во Собранието за новиот нацрт закон за финансиската стратегија на Грција за периодот 2019-2022, Мицотакис побара за недоверба на Владата на Ципрас да се гласа по 18 часот.

Според претседателот на Нова Демократија, договорот што го постигнал Ципрас со Заев е штетен поради „неприфатливите национални отстапки во врска со македонскиот јазик и македoнскиот идентитет“.

Грчкиот премиер Ципрас утре пред пратениците треба да го претстави Договорот за решавање на долгогодишниот спор за името.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1