Грчкиот премиер Алексис Ципрас почувствувал гушење после седницата во парламентот во петокот, по што веднаш бил однесен во болница, јавуваат грчките медиуми.
Ципрас во петокот ненадејно почувствувал мачнина и тешкотии со дишењето.
– Добро се чувствува, и најважно, не е ништо сериозно -, рекле од кабинетот на Ципрас.
Неговата мајка е многу загрижена за неговото здравје. Вели дека тој премногу работи, многу малку спие и речиси и не јаде.
– Се плашам дека нешто би можело да му се случи – рекла таа, и нагласила дека нејзиниот син речиси никогаш не се гледа со семејството, што му претставува голема тешкотија.