Се чини дека посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје се ппланира за првата седмица од април, рече министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Њуз247”, без притоа да го потврди даумот 2 април што интензивно се споменува во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.
Прашан за шпекулациите во Грција за размена на споменици, шефот на грчката дипломатија рече дека некои, комуникациски, се обидуваат да управуваат со обидите што се прават за да се изградат добри односи.
-Се обидуваме да најдеме начини со луѓе на кои не им велевме добар ден, заедно да планираме промоција на заедничките интереси и стабилизација на регионот. Размислуваме за потези што на нашите народи ќе им покажат дека климата навистина е подобрена. Овие потези, ќе ги правиме внимателно, објасни Катругалос.