Грчкиот премиер Алексис Ципрас му создаде нови неприлики на својот македонски колега, Зоран Заев за време на неговиот настап на државната грчка телевизија ЕРТ каде што гостуваше во дебатна емисија со двајца грчки новинари.
Откако од новинарите беше нападнат дека постигнал лош договор за името Ципрас и дека Грција капитулирала, тој излезе со став кој што е дијаметрално спротивен на позицијата која што завчера во Скопје ја потенцираше Заев.
Македонскиот премиер тврди дека со договорот се бетонира македонската нација и јазик, но Ципрас истакнува нешто друго.
– Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци, изјави Ципрас во дебатата. Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија, но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.
Изјавата на Ципрас за Македонија почнува околу 16.30 минути.