Црна Гора: Од денес доживотна „плата“ за мајка на три и повеќе деца


Во Црна Гора од денес почна примената на изменетиот закон за социјална и детска заштита, според кој мајки со три или повеќе деца имаат право на доживотен месечен надоместок, како и родители или старатели на деца со посебни потреби.baby-money

Предвидено е дека мајка која има три или повеќе деца и 25 години работен стаж ќе добиваат по 330 евра, како и мајки со четири или повеќе деца кои имаат 15 години работен стаж.Родителите или старателите на деца со посебни потреби ќе добиваат месечен надоместок од 193 евра.

Жената која го исполнува условот за надомест ќе мора да се одлучи меѓу надомест и плата, односно пензија. Тоа значи дека не може да прима и плата и надомест, односно пензија и надомест.

Според податоците на Заводот за вработување, околу 7000 жени во Црна Гора можат да го остварат правото на доживотен надомест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1