Црни магии, жртвувања – најопасни секти во светот (Видео)


Ова се десетте нaјзлоогласени секти во светот:

1.Црквата Муновци

Основана е од величествениот Сан Миунг Мун, кој тврди дека Исус Христос му се покажал кога имал 16 години и го пратил да биде нов Месија. Мун тврди дека ќе ги спаси само оние кои ќе му бидат верни седум години и кои ќе се венчаат за партнер кој тој ќе им го одбере.

infamous-cults-22.Рајнешпурам

Bhagwan Shree Rajneesh не бил традиционален индиски гуру. Тој поседувал 93 Ролс Ројс. Во 1981 тој купил парче земја во Орегон каде неговите следбеници го изградиле градот Рајнешпурам, кој броел 2.500 жители. Подоцна следбениците отруле 750 луѓе за да го намали гласачкото тело и се кандидирале на локалните избори.

3.Божји деца

Сектата е основана во 1960 во Калифорнија од страна на свештеникот Дејвид Берг. Оваа организација броела повеќе од 4.000 членови. Поради либералната сексуална едукација, многумина го обвиниле за сексуално злоставување на деца, а биле познати и по честите оргии за да привлечат нови членови. Постојат и ден денес, под името „Фемили Интернешенел“.

4.Движење за обнова на 10-те божји заповеди

infamous-cults-3Четири поранешни свештеници, две поранешни монахињи и една поранешна проститутка проповедале дека крајот на светот ќе се случи на 31 декември 1999. година. Кога тоа не се случило, организирале голема веселба, наводно за доаѓањето на Девицата Марија на Земјата, на 17 март 2000 година, а кога ниту тоа не се случило, на местото на светилиштето се пронајдени голем број мртви тела.

Мислеле дека се работи за масовно самоубиство, но востановено е дека се работи за масовно убиство. Сторителите никогаш не се пронајдени.

nn20060916a1a-200x200

5.Аум Шинрикио

Јапонецот Асахара Шоко прво отворил школа за јога, откако го запознал Дилај Лама и почнал да ги учи следбениците на комбинација на будизам, хиндуизам и христијанство.

Набрзо стекнал голем број следбеници, околу 50.000 и полека започнал да се подготвува за војна против Владата.

На 20. март 1995 година пет членови на култот во токиската подземна желзница пуштиле опасен плин, а притоа загинале 12 луѓе, додека 5.500 завршиле во болница.

infamous-cults-46.Црвен сончев храм

Основан е во Женева во 1984. година. Негови основачи се Џозеф Ди Мамбро и Лук Жоур кои тврделе дека крајот на светот е блиску и дека единствено ќерката на Ди Мамбро, Емануела може да ги спаси така што ќе ги одведе на планетата која се врти околу ѕвездата Сириус.

Во 1994. конечно биле сигурни дека крајот се ближи, па 53 членови по ред са самоубиле или биле убиени, зградата во која се собирале била запалена, а меѓу телата се пронајдени и телата на основачите.

33172_sekta1_f

7.Врата до рајот

infamous-cults-5Во седумдесетите години од минатиот век Маршал Еплвајт и Бони Нетлс верувале дека тие се всушност пророците и тргнале да проповедаат по Калифорнија и Орегон дека спасувањето од Апокалипсата доаѓа во облик на вселенски брод. Кога во 1997. година е најавено дека Халеовата комета ќе се приближи кон Земјата, членовите биле уверени дека станува збор за вселенски број и сите 39 членови извршиле самоубиство.

8.Гранка Давидова

Овој христијански култ го формирал Дејвид Кореш кој тврдел дека сите жени се негови духовни сопруги, вклучувајќи ги и малолетничките, па се сомневало дека во сектата се врши злоставување на деца. Кореш дошол до големо количество оружје што воопшто не му се допаднало на Одделението за алкохол, тутун и оружје. Сепак, тој не им допуштил влез на агентите и по 50 дена опсада повеќе од 80 членови загинале во пожар кој ја зафатил зградата во 1993. година.

114202_carls-menson_f9.Семејство Менсон

Чарлс Менсон целиот живот проповедал по затворите, а во 1967 година се преселил во Сан Франциско и околу себе собрал група на млади луѓе кои подоцна ги нарекол „Семејство“. За разлика од останатите организации, Семејството Менсон не се базирало на верата, иако Менсон бил заинтересиран за сатанизам и скинетологија. Сепак, основната идеја била елиминација на црната раса. Така Менсон го нарачал убиството на актерката Шерон Тејт и наследничката Абигаил Фолгер, а убијците напишале порака на ѕидот со нивната крв. Менсон денес служи доживотна казна.

10.Храм на луѓето

Џим Џонс го основал овој култ на темелите на социјалистичките идеи и набрзо собрал голем број на следбеници. Тој, потпомогнат од донациите ја изградил населбата Џонстаун во Гвајана, тогаш социјалистичка земја во Јужна Америка, каде набрзо се отселиле и тој и следбениците. Животот во заедницата бил мешавина од спартанско воспитување, страв и самопредизвикано понижување. Љубопитен да го види тамошниот начин на живот, конгресменот Лео Рајан одлетал во Џонстаун, каде подоцна е убиен од страна на луѓето на Џонс. Истиот ден, Џонс ги убедил луѓето да испијат пијалок со цијанид, по што загинале повеќе од 900 лица, влучувајќи 276 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1