УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Вечерва снег ќе ја покрие Македонија


Попладне и во вечерните часови ќе биде значително постудено и тогаш врнежите ќе бидат од снег кој на планините повремено ќе паѓа со умерен интензитет. Новата вкупна снежна покривка во западните делови од земјата од денес па се до изутрина ќе достигне до 10 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

mk sneg3

Утре: Променливо облачно и студено во северните и западните делови од земјата со услови да провејува слаб снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималните температури во интервал од -9 до -2, а максималните од -2 до 3 степени.

И во вторник ќе продолжи да дува повремено засилен северен ветер и понекаде да се појави и да провејува слаб снег. Потоа ќе продолжи период на се постудено, но суво време. Минималните температури ќе бидат доста ниски па во среда ќе се спуштата на повеќе насели места и под -10, а дневните ќе се задржуваат негативни. Насекаде позитивни дневни температури се очекуваат од петок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1