Црни прогнози: Еврото ќе тоне, доларот ќе го престигне


Американските федерални резерви (Фед) и Европската централна банка (ЕЦБ) за прв пат во историјата одат во различни насоки, откако Фед ги подигна каматните стапки, по речиси десет години. Но, како што оценуваат аналитичарите, тоа нема долго да потрае.

Шефот на ЕЦБ, Марио Драги стравува дека монетарната унија би можела да западне во “магичен круг“ на дефлација и тоа се обидува да го спречи со голема количина на пари. Сепак на фронтот наскоро ќе биде укинато предупредувањето на опасност. Според пресметките на Бремер-Ландесбанка и Институтот за светска економија од Кил, инфлацијата во 2016 година ќе се зголеми.evropska-unija

По објавувањето на одлуката на Фед, сега се прогнозира, колку често каматните стапки ќе бидат зголемувани следната година. Германската Комерцбанка очекува дека каматите до крајот на 2016 година, ќе бидат зголемувани три пати, со што на крајот ќе достигнат 1,25 отсто.

Колку за споредба, основната каматна стапка во земјите на еврозоната изнесува 0,05 проценти. ЕЦБ на седницата на почетокот на декември не ја спушти на нула, но го олабави стегите кога се работи за монетарната политика.

“Во мера во која се заострува дивергенцијата, еврото секако е под сè поголем притисок“, укажува аналитичарот Фолкер Хелмејер од Бремер-Ландесбанка. Капиталот си оди од зоната која има помали камати и ја чини тамошната валута во овој случај еврото – неатрактивна.

Еврото, кое безмалку беше 1,4 долари на почетокот на 2014 година во меѓувреме падна на 1,08 долари, а според прогнозите во 2016 година ќе се изедначи со доларот (такво е општото убедување меѓу аналитиларите). Други прогфнозираат дека еврото ќе биде послабо во однос на доларот.

“Со оглед на слабиот извоз, САД пред се немаат интерес еврото да биде значително послабо или посилно до доларот“, потсетува Хелмејер. Со други зборови: Можноста ЕЦБ дополнително да ја либерализира монетарната политика е ограничена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1