Викање, нервози, ја фати за гуша вработената во Туркиш – ВИДЕО од скандалот со македонски патници


Нервозни уморни а ги третирале како да се „стока“ а не патници кои платиле скапа карта на една од најголемите авиокомпании во Европа. ГОЛЕМ СКАНДАЛ ПРЕДИЗВИКАН ОД Turkish Airlines.

СПОРЕД ПОСЛЕДНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И УТРИНАВА 3 ДЕН ПО РЕД ЛЕТОТ Е ОТКАЖАН – ПАТНИЦИТЕ СЕ УШТЕ НЕ СЕ СТАСАНИ ДОМА…

Преполн авион (над 200 патници вкупно со се патниците од денес) кои уште НА21  требаше да си се стасани од Истанбул во Скопје се уште се на ничија земја заробени на терминалите во Истанбул. За иронијата да биде поголема и завчера и вчера авионот стаса до Скопје но не слета и ги врати патниците назад за Истанбул.ec2a706003d1657f60f79ef636c7c0bb1f71c3b3bab903542f0a4195629fd557

Кога слетале во Истанбул настанал СКАНДАЛ а дошло и до тепачка на нервозните патници со НЕЉУБЕЗНИТЕ ВРАБОТЕНИ. Како што ни изјавија патниците – ниту во транзит инфо центарот не сакале да им дадат информација. Ги натерале да си ги земат куферите да излезат надвор од транзит зоната и да се упатат кон шалтерот за продажба на карти за информација на влезот во аеродромот. Таму никој не сакал да им даде информација, ги шетале од шалтер на шалтер, ги терале да се ,,прошетаат,, па да се вратат за некое време зошто сега немале информација. Некои од патниците инсистирале на сместување до следниот лет но биле одбиени барем тоа не се случило до 15 часот кога со се куфери биле оставени на аеродромските клупи.

По неколку часовно чекање без информација патниците зовреле.. Ова е снимка што до MK news ја испратија патниците. Снимена е на преполниот шалтер на Туркиш во Истанбул. Жената патник после игнорирањето и третманот на вработените во компанијата буквално излезе од такт, влезе во просториите и ја фати за гуша вработената.

После карање и викање им било кажано дека за Скопје ќе можат да патуваат дури денес ИЗУТРИНА. Но ни тоа не се случи – ЛЕТОТ Е ОТКАЖАН…Не им биле дадени ниту ваучери за храна и вода, а оние патници кои одлучиле да го сменат летот и слетаат на друг аеродром не добиле вопшто ниту пари за превоз од аеродромот во странска земја до Скопје што им следува.

Патниците велат третманот на вработените бил ужасен, без никакво објаснување иако според сите европски закони за ваков скандал и два дена одложување на лет се плаќаат дебели пенали.

ПОВЕЌЕ ЗА ОВОЈ ИНЦИДЕНТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

СКАНДАЛ со македонските патници на Turkish Airlines – 2 дена вртат над Скопје и никако да стигнат

Патниците најавуваат дека за ова ќе ги известат и надлежните служби и агенцијата за заштита на потрошувачи а и агенцијата за цивилна и воздушна пловидба која е задолжена да ги штити правата на патниците според европските закони.

Мknews се обиде да добие официјална информација и од преставништвото на Turkish, но на телефоните оставени на аеродромскиот сајт од 11 часот утринава никој не се јавува. За иронијата да е поголема семејствата на патниците кои ги чекаа своите блиски на аеродромот немаа како ни да проверат дали нивните блиски безбедно слетале во Истанбул бидејќи од 11 часот не функционираше ниту веб сајтот на аеродромот во Истанбул. Не знаеа дали да чекаат на аеродромот, дали да заминат дома и немаа каде да добијат информација каде се сега нивните блиски и кога и како ќе си дојдат во Скопје.

Ако летот е одложен барајте си ги парите – еве кои се вашите права

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1