Трагедија во Сараево: Починал откако му извадиле заб


Во понеделникот на 21-ви декември, во болница во Сараево почина Сеид Хукара на 46-годишна возраст.

Тој зад себе ги оставил својата сопруга Аида, ќерките и синот, како и неговите внуци.pocinal-vo-saraevo-640x426

По веста за неговата смрт следуваше вистински шок во Сараево откако се дозна која е причината за Сеид повеќе да го нема. Како што пренесуваат босанските медиуми, пациентот на Клиника бил донесен за да извади заб. Тој имал силно крварење од забот, а откако му го извадиле истиот, почнала да му тече крв и од носот. Лекарите не можеле да го сопрат обилното крварење, па пациентот за жал починал.

Извор за порталот Вијести.ба, наведува дека кобната интервенција ја направила стажантката А.С. иако дежурен лекар во моментот бил Е.И. Докторот наводно не се појавил, па тешкиот зафат го извела помладата стажантка, која била немоќна.

Инаку, иако е тоа ретка појава, компликации по вадење на заб може да има, а некогаш може да доведат и до кобен исход.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1