Русија ќе ја тужи Украина за неплатени долгови


Украина требаше на 20.12 да и‘ врати на Русија преку три милијарди американски долари. Владата во Киев одбива да плати. Русија се заканува со судска тужба.

Рускиот премиер Дмитри Медведев смета дека владата во Киев нема да го врати долгот, па го ополномошти својот владин кабинет да покрене судска постапка против Украина. Правното средство беше дебатирано во руската влада уште пред неколку недели. Притоа, рускиот претседател Владимир Путин побара: „Обратете се до суд.“ukraina22

Москва пред две години одобри кредит на владата на прорускиот претседател Виктор Јанукович. Актуелната влада под водство на Арсениј Јацењук го одбива враќањето, сметајќи дека парите биле услуга кон старата влада. Киев бара од Русија отпис на 20 проценти од долгот, колку што прифаќаат и други приватни доверители. Русија пак инсистира на плаќање на парите во полн износ и во конкретниот рок.

На крајот на ноември Путин понуди Киев да ги подмири долговите на рати, што беше одбиено. Украинскиот премиер Јацењук сака да го одлага плаќањето се‘ до моментот кога Русија ќе се согласи на отпис на долгот. Износот е околу 15 милијарди долари.

Ако Украина не ја исплати достасаната сума од три милијарди емерикански долари, Русија во рок од десет дена има право на тужба пред Лондонскиот суд. Значи, рокот е 31.12. Медведев сака уште сега да ја започне постапката за процес. Од страна на украинската влада стигна реакција полна самодоверба: „Подготвени сме за судска процедура со руската страна,“ изјави Јацењук.

Василиј Ицков, раководител на Одделението за порамнување спорови во фирмата за инвестиции и финансии Хоризон Капитал во Москва, е убеден дека Русија има големи шанси во евентуалниот судски процес. „Долговите не се сметаат за комерцијални. Значи, Русија има право на своите пари. За Украина е речиси неможно изнаоѓањето правен излез“, вели Ицков во интервју за Дојче веле. Тој верува оти Украина преку процесот ќе почувствува уште полоши економски последици.

Во меѓународниот печат се дискутираат изгледите на Украина за поентирање пред суд поради анексијата на Крим. Можно е судиите да одлучат Русија да и‘ плати на Украина обештетување за анектирањето на полуостровот. Но, Михаел Ваибел, професор по меѓународно право на Универзиттеот Кембриџ, во интервју за Дојче веле можноста за ваква аргументација ја проценува за минимална: „Предмет на сегашниот конфликт е само враќањето на долгот. Се сомневам во опцијата во овој процес да бидат употребени други фактори, како анексијата на Крим.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1