Муслимани заштитиле христијани од џихадисти: Убијте не сите или никого!


Светските медиуми јавуваа за настан кој а подигнува довербата во човештвото. Имено, група кениски муслимани кои патувале со автобус, застанале во заштита на патниците христијани, одбивајќи да бидат раздвоени во групи откако тоа им било наредено од исламистичките напаѓачи, откако во заседа биле пресретнати.

Патниците кои биле пресретнати од милитантите, изјавиле “или да ги убијат сите или да ги остават на мира“, изјави еден сведок. Автобусот патувал од Најроби кон градот Мандера.Isis teroristi

Настанот се случил во близина на селото Ел Вак, кое се наоѓа во непосредна близина на сомалиската граница. Терористичката група „Ал Шабаб“, чиј седиште се наоѓа во Сомалија, често извршува напади во Кенија, но не е познато дали е одговорна и за овој напад во кој се убиени две лица.

Едно лице е убиено кога се обидело да побегне, откако милитантите ги извадиле патниците надвор од автобусот.

„Луѓето покажаа чувство за патриотизам и припадност на едни спрема други“ – изјави гувернерот на Мандера, Али Роба коментирајќи го овој настан. Милитантите се одлучиле да ги ослободат сите патници, откако тие покажале единство“ – изјави Али Роба.

Освен храброста, има уште една причина за оваа изненадувачка реакција на жителите, а тоа е фрустрацијата. Повеќето локални жители на североистокот се кениски муслимани од сомалиско потекло и тешко се погодени од последиците на нападите на Ал-Шабаб, дури и кога немуслимани се главна мета на сомалиските милитанти.

Патниците почувствуваа дека регијата не може да поднесе уште еден напад, сметаат сведоците.

Кога Ал шабаб уби 148 лица во нападот врз Универзитетскиот колеџ Гариса во април, милитантите наводно ги издвоиле христијаните и ги застрелале, а ослободиле голем број муслимани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1