Црните кутии открија: Падот на рускиот авион предизвикан од експлозија во моторот


Експлозија во еден од моторите ја предизвикала несреќата на рускиот авион „Ербас А321“ во Синајската пустина во Египет, за весникот „Ал Масри ал Јун“ информираа извори од истрагата, пренесе ТАСС.

Според еден извор од истрагата, на таков наод наведуваат податоците од црните кутии.erbas-a

-Причина за падот на авионот е екслозија во еден од моторите. Што ја предизвикало експлозијата ќе утврди специјална техничка лабораторија, како и резултатите од експертскиот преглед на местото на несреќата, телата на жртвите и материјалите врз телата и остатоците од авионот, изјавија од истражната комисија.

Истрагата засега нема податоци дека трагедијата е поврзана со терористичка активност.

-Земените мостри од телата на патниците и остатоците на авионот ќе утврдат дали во нив има експлозивни материи или експлозијата била предизвикана од техничка неисправност, посочија изворите. Тие додаваат дека нема снимки дека пилотите испратиле сигнали за помош кон контролорите на летот.

Истовремено, анализата на техничките параметри покажува дека авионот паднал многу брзо, што може да се должи „на моќна експлозија, истовремено откажување на работата на сите мотори, горење на делови од корпусот и уништување на дел од авионот уште во воздух“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1