Црногорец се разнесе со бомба во канцеларија на извршител


Маж загина денеска во Подгорица, откако активираше експлозивна направа во канцеларијата на јавен извршител, јави Танјуг.

Никој од вработените не бил повреден.policija crna gora

Инцидентот се случил околу 11 часот во канцеларија, која се наоѓа во близина на зградите во кои се наоѓаат министерствата за одбрана и внатрешни работи, Основниот суд и Правниот и економскиот факултет.

Полицската истрага е во тек.

Ова е втор напад на јавни извршители во последните десетина дена. Претходно бомба беше фрлена на канцеларијата на претседателот на јавни извшрители на Црна Гора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1