Во Москва е одржана oперативна седница на Советот за безбедност на Русија на која претседателот Владимир Путин и постојани членови на СБ разговарале за влошената ситуација во Донбас, изјавил Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Русија.
– Разгледани беа социјално економски прашања, меѓународни прашања како и влошувањето на ситуацијата во Донбас бидејќи силите на Украина не го почитуваат режимт на прекин на огнот, објаснил Песков.
Покрај тоа, разменети биле и мислења и за голем број меѓународни прашања во контекст на претстојната посета на Путин на Кина и Австралија и учеството на самитот на АПЕК и Г20.