Црвенковски прифати – утре ќе има средба со Груевски


-Свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјава, после немилите настани кои се случија на 24 декември, заради создавање амбиент за успешни Еу и НАТО интеграции ја прифаќам вашата покана, стои во соопштението на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски.

CRVENKOVSKI_GRUEVSKI-За жал сеуште живееме во општество каде се отворени дилемите за начинот на кој се остваруваат основните човекови права и слободи, изјави Црвенковски.

Република Македонија на патот на остварување на своите стратешки цели не смее да ги става под знак прашалник основните цивилизациски достигнувања и демократски развој кои се столб за секоја модерна држава

-Се надевам дека кај вас постои искрена политичка волја заедно да ги утврдиме сите предуслови за одржување на фер избори, додаде Црвенковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1