Пред заоѓањето на Сонцето жителите на цел Балкан имаа прилика да уживаат во спектакуларната глетка на небото.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од оваа прекрасна глетка…Но оваа прекрасна појава има поинакво значење, пишува Курир.
Метеоролозите велат ваквата појава ни навестува дека ќе имаме ладна зима не само кај нас туку и во цела Европа.
Странските метеоролози најавуваат ниски температури и силна зима до крајот на февруари.
Дали овие прогнози се точни останува да видиме во текот на месецов.