На брегот на Сан Франциско ќе никне нов град со името “Zee town”, во кој ќе живеат само вработените во социјалната мрежа Фејсбук.
Земјата, на која ќе се протега градот, е со површина од околу 80 хектари и се проценува на околу 400 милиони долари. Архитектот Френк Гери го изработил проектот на градот, вклучувајќи куќи, хотели, супермаркети, трговски центри во вредност од милијарди долари.
Градот на Цукерберг треба да стане дом на 10.000 вработени на социјалната мрежа.