Аферата со личните податоци на Фејсбук, во посредство на компанијата Кембриџ Аналитикс ја натераа таа социјална мрежа сериозно да се позанимава со заштитата на податоците на своите корисници, а првите промени доаѓаат уште денеска.
Поголемиот дел од корисниците уште денеска на врвот на својот Њус Фид ќе можат да видат кои апликации ги користат, но и сите лични информации кои тие апликации ги користат.
Според изјавите на технолошкиот директор на Фејсбук, Мајк Шропфер, корисниците ќе имаат можност полесно да ги тргаат апликациите кои веќе не ги сакаат.
-Веруваме дека овие промени поквалитетно ќе ги штитат информациите на нашите корисници, изјави тој.
Во меѓувреме, кризата продолжува, така што основачот и извршен директор на таа социјална мрежа, Марк Цукерберг во вторник за прв пат ќе одговара на прашања на претставниците на американскиот Конгрес, кои се се покритични кон Фејсбук.
Откако во неколку наврати си ги призна грешките и вети подобрување, Цукерберг најави нови мерки во борбата против политичката манипулација.