Цукерберг: Откривме многу лажни профили од Македонија кои ширеле лажни вести во 2017


Во 2017 година биле откриени многу лажни Фејсбук профили од Македонија кои се обидувале да шират лажни вести, тврди првиот човек на социјалната мрежа Цукерберг.

Ова го открила интерната истрага направена за време на специјалните избори за сенатот во Алабама.

-Во 2017 година, пак за време на специјалните избори за сенатот во Алабама, распоредеивме нови алатки кои ги изградивме со цел да открием лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести и пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Реално, мислам дека ова не е наука за ракетите.Но , не очекува напорна работа да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, вели Марк Цукербег.

Во последните неколку години сме сведоци дека друштвените мрежи се повеќе се користат за пласирање и ширење на лажнни вести во интерес на некои политички или комерцијални цели. Ваквиот тип на вести на светско ниво, најмногу акцент добија за време на изборната кампања за претседател на САД во 2016.

-Мислам дека е јасно оти во 2016 година не бевме на врвот на задачата да одоговриме на предизвиците како Што треба, без разлика дали станува збор за мешеањето на Русија во изборите во сАд или лажните вести. Сега имаме околу 15 000 луѓе кои работат на преглед на безбедноста и содрижината. Можете да стигнете до ниво каде што сте подобри од вашите противници, но и тие продолжуваат да се развиваат, па ние ќе работиме на ова посотјано, се додека оваа мрежа останува важна работа во светот, вели првиот човек на Цукербег во интервјуто за СНН.

За време на американската претседателска кампања пред две години и Македонија се најде во центарот на светското внимание за ширење на лажни вести. Негативни вести за Хилари Клинтон се ширеа и од интернет портали од нашата земја за што подоцна Хилари Клинтон обвини дека значително влијаеле врз исходот од гласањето

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1