Цвета проституцијата со познати и убави девојки во Скопје!


Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава со некоја убавица. се зборува и дека постои листа со познати манекенки, пејачки, водителки, обични девојки кои може да ги изнајмите за една вечер. Цената се движи од 400 евра нагоре, за само два-три часа „работа“.

Слободна ли си вечер, има еден за 200 евра? Да испиете неколку пијалаци и да му правиш друштво… човекот сака да се опушти. Вака приближно изгледа телефонскиот разговор со една „девојка за забава“, како што ги нарекуваат скапите убавици за една ноќ во Македонија. Ги викаат ескорт-дами или спонзоруши, но всушност станува збор за скриена проституција, пишува Телеграф.мк.

Escort-Girl-Johana-7-600x450За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена.

Еве еден од примерите што ни го раскажаа.

– Луѓето беа од странство, бизнисмени од Турција, така барем можев да ги слушнам по разговорот. Некаде пред затворање на ресторанот им се приклучи и дамата. Уште кога пристигна, веќе ѝ беше јасно до кого треба да седне. Не помина 20 минути откако се смести, сите станаа, а остана таа со еден од бизнисмените. По десет минути си замина и таа со повозрасниот човек – ни се довери извор.

Велат дека ваквите девојки често ги канат на приватни забави.

– Бев шокиран кога една девојка, со која лично се познавам и знам дека работи како службеничка, беше повикана на една приватна забава на која имаше неколку богати луѓе од земјава. Јас ја познавам многу добро. Секогаш добро облечена, дотерана, штотуку си купи нов автомобил и баш со помислив „браво за девојкава, сигурно добро заработува од својата плата“, но кога ја видов таа вечер, веќе ми стана јасно – вели еден познат музичар, кој свири на многу приватни забави и, нормално, не сакаше да се открие неговиот идентитет.

Дека оваа „хонорарна работа“ е толку многу распространета во земјава, покажува и фактот што дискотеките низ Скопје секогаш имаат ВИП-сепаре за овој тип дами, кои кога ќе  Хотелите што се наоѓаат надвор од градското централно подрачје во ноќните часови се полни со „гости“ кои изнајмуваат соба на неколку часа.

Целата сторија на – Телеграф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1