Туристите го разграбале Александар


Сувенирите со портата „Македонија“ и со Алек­сан­дар Македонски, односно „Во­инот на коњ”, како што официјално е заведен, со месеци не можат да се најдат во спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни­те пунктови со сувенири и музејски копии, пишува „Вест“.

aleksandar statuetkaТу­рис­ти­те ги разграбале овие два сувенира само три месеца откако Ми­нис­терс­тво­то за култура постави пет монтажни продавници во центарот на градот. Во овие специјализирани објекти сега има само магнети, маици, капи и чаши со мо­ти­ви од земјата.
Пе­ро Јосифовски, директор на Музеј на Македонија, кој стопанисува со пун­кто­ви­те со сувенири и музејски копии, за весникот изјавил вели дека во тек е тендер за на­бав­ка на сувенирите кои фалат во продавниците, меѓу кои и „Воинот на коњ” и Портата.

– На­вис­ти­на ги нема во сувенирниците веќе неколку месеци, но ние ги на­ба­вив­ме и ги очекуваме во текот на месецот да стигнат, оти се прават во Ки­на. Од сите сувенири имавме по 500 примероци, но се потрошија. Сега на­ра­чав­ме поголем број, и штом ќе дојдат во Скопје, веднаш ќе ги из­ло­жи­ме во пунктовите – изјавил Јосифовски.

Тен­де­рот за изработка на сувенири, кој лани го распиша Министерството за култура, го доби фирмата „Агенс”, која направи околу 160 различни мо­ти­ви, од кои голем дел се од „Скопје 2014″, но има и манастири, цркви и дру­ги мотиви од градовите во државата. Вредноста на склучениот договор беше околу 360 илјади евра.

Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1