Киднапирано дете најдено по 18 години (Видео)


Пет годишниот Ричард Веј Лендерс бил киднапиран од неговиот дом пред 18 години. Со недели полицијата вршеше претрага за да го пронајде во околината мислејќи дека детето можеби залутало и настрадало но малото момче не го нашле.

news_105962Подоцна мајката дознала дека ги нема – исчезнале и бабата и дедото, родителите на нејзиниот сопруг од кого тогаш била во процес на разведување. Одеднаш случајот бил заведен како киднапирање. Се трагало по бабата, дедото и детето. Последен пат за нив се чуло дека се видени во камп приколка во Индијана, но кога полицијата пристигнала тие веќе биле заминати.

Тие го киднапирале момчето бидејќи се плашеле дека старателството ќе го добие мајката и тие нема да го видат повеќе.

18 години оваа очајна мајка трагала по нејзиниот син. Последните години дури велела барем да чуе дека е жив и здрав и добар ако ништо повеќе.
на крај со помош на пријателка и со бројот на социјално осигурување на момчето успеале да го лоцираат, сега веќе возрасен маж.

Сега се вика Мајкл, оженет е и чека дете. Живее во Минесота. Тој не знае дека неговата мајка го барала. Иако прекрстен, неговиот социјален број бил ист и во моментот кога се вработил го имало заведено во евиденциите. Мајката е пресреќна. Сега се надева дека ќе го види својот син.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1