Турската армија соборила авион, кој навлегол во земјата – никој не знае чив е


Турската армија соопшти дека денеска соборила неидентификувано летало, кое навлеголо три километри во турскиот воздушен простор преку границата со Сирија, откако претходно до него биле упатени три предупредувања, пишува весникот „Милиет“.International Mine Countermeasures Exercise 2013 off coast Bahrain

Во соопштението се посочува дека авионот бил соборен од турски авиони, кои патролираат долж границата, во согласност со правилата за реакции на турските вооружени сили на трансгранични закани.

„Милиет“ додава дека соборениот авион е беспилотен.

Сите руски борбени авиони се вратија во базата во Латакија, а беспилотните летала ги исполнуваат своите мисии според планот, соопшти руското министерство за одбрана.

Руското министерство го објави соопштението по обвинувањата на Вашингтон дека дронот урнат од турската војска е руски.

Дел од турските медиуми јавија дека урнатиот дрон е „орлан-10“ од руско производство, но компанијата Текнолоџикал сентер од Санкт Петербург соопшти дека леталото на фотографиите објавени на социјалните мрежи не е нивно.

„Тоа летало на фотографиите дефинитивно не е „орлан“. Русија нема беспилотни летала со текви крила и стабилизатори“, се вели во соопштението на компанијата, во која инцидентот е окарактеризиран како провокација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1