Турскиот претседател си има свој Џемс Бонд (Фото)


bodigard

 На свеченото отворање на Универзитет во Анкара присуствувал турскиот претседател Абдула Ѓул, а големо внимание меѓу присутните привлекол еден од членовите на обезбедувањето кој носел наочари со вградена мини камера. 

Од тимот за обезбедувањето на претседателот Гул потврдија дека микрокамерата која ја носел телохранителот има вграден микрофон со цел да снима и видео и тонски запис на дискот во џебот на телохранителот, потоа истите се архивираат во базата на податоци.

Овие микро камери имаат резолуција од 640-480 и имаат можност со посредство на мобилните уреди или блутут технологија, податоците веднаш да ги испратат во базата.

Микрокамерите кој во моментов ги носат само телохранителите на Ѓул можат да снимаат само четири часа, а наскоро ќе имаат можност да распознаваат текстови на регистерски таблици и лица.

bodigard2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1