Уредникот на весникот Cumhuriyet. Џан Дундар и дописникот Ердем Ѓул, се уапсени од турската полиција во четвртокот поради написот во кој е опишано како камиони на турската разузнавачка агенција превезувале оружје за терористи во Сирија во почетокот на 2014 година, пренесува ноќта кон петокот агенцијата Dogan.
„Обвинети сме за шпионажа. Претседателот го нарече (нашето работење) предавство. Ние не сме предавници, шпиони или херои, ние сме новинари. Она што го сторивме е новинарска активност“, изјавил Дундар пред да биде изведен на сведочење во обвинителството во четвртокот.
„Секако, ова ќе му помогне на обвинителството да расветли како овие инциденти се случиле, а не како ние известувавме за тоа“, додал.
Дундар и Ѓул се обвинети за вмешаност во вооружена организација и за шпионажа. Причина за нивното апсење е напис објавен ова лето, во кој се наведува како турските безбедносни сили наводно ги вооружуваат милитантите во Сирија. Според написот, бил следен транспортот на камиони со оружје кој бил организиран од турската Национална агенција за разузнавање (MIT)
Под вооружена организација турското обвинителство препознава Фетулахистича терористичка организација (FETO), а терминот го користат обвинителите за да ги одредат следбениците на Фетулах Ѓулен, влијателен исламски клерик и филозоф, кој живее во егзил во САД. Ѓулен, порано близок со Ердоган, се смета за најзаслужен за политичкиот подем на актуелниот исламско-конзервативен турски претседател, но од минатата година Ѓулен и неговите следбеници се обвинети дека во Турција воспоставила „паралелна држава“ во државните, судските и безбедносните структури, откако во медиумите се појавија серија написи за корупциски скандали во кои се споменати високи функционери и семејства на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP).
Репортажата објавен во истанбулскиот дневен весник Cumhuriyet (Република) на 29-ти мај годинава, се прикажани наводни проверки на припадниците на жандармеријата и полицајци на камиони со оружје и муниција, кои во јануари 2014 година ги испратила MIT во Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 2-ри јуни годинава поднесе приватна кривична пријава против Дундар и весникот Cumhuriyet тврдејќи дека во сторијата има снимки и информации кои не се веродостојни и порачувајќи дека оние „кои ја напишале ќе платат висока цена“.
Во тужбата се наведува дека весникот учествувал во акциите на Ѓулен со објавување фабрикувани снимки и информации кои биле доставени до него од „паралелните структури“ за да „се создаде перцепција дека Турција помага терористички организации“.
Ердоган тврди дека камионите содржеле помош за Туркмените, туркофона етничка заедница која живее во Сирија, и дека новинарите биле соучесници во „саботирањето“ на таа помош, со цел да му наштетат на неговиот и на угледот на неговата партија.
Претседателот бара две доживотни казни за предавство и уште 42 години затор за сите дела. Во тужбата е наведено дека написот „не соодветствува со вистината“, податоците „се фалисфикувани и добиени од паралелни структури“. Покрај тоа, Дундар е обвинет за шпионажа и откривање државни тајни.